Турската полиција го уапси извршителот на нападот на новогодишната ноќ во Истанбул

Во операцијата на турската полиција е приведен извршителот на крвавиот напад на новогодишната ноќ во клубот „Реина“ во Истанбул, Узбекистанецот Абдулгадир Машарипов, кој уби 39 и повреди 66 лица.
Убиецот бил уапсен кратко по полноќ во домот на неговиот пријател Киргистанец, кој живее во истанбулскиот кварт Есенурт.
Според податоците од турската полицијата, убиецот од „Реина“ пристигнал таму пред три дена. Заедно со него приведени се уште четири лица, меѓу кои и жени. Синот на терористот, кој е на четири ипол годишна возраст, исто така бил со него.
Според полициски извори, целта на напаѓачот била концентрирана главно во Истанбул, бидејќи органите на редот располагале со информации дека тој не го напуштил градот.
Операцијата на турската полиција е оценета како голем успех.
Одговорноста за нападот во ноќниот клуб „Реина“ ја презеде ИД.
Турските телевизии објавија видеа на кои се гледа како полицијата го одведува фатениот убиец.
Тој е одведен во Дирекцијата за безбедност во Истанбул на распит.
Веројатно во скоро време ќе станат јасни одговорите на прашањата - како убиецот успеал да влезе во клубот и да избега потоа, кој му помагал и какви врски има тој со терористичките групи.
Ново на Сител
-

Оперативна акција Global Chain за сузбивање на трговија со луѓе: Откриени три кривични дела и 49 прекршоци во нашата држава
-

Трамп: Или ќе биде постигнат договор со Иран или САД ќе ја довршат работата
-

Јаневска: Околу 30 ученици испратени на меѓународни научни олимпијади без грижа за трошоци
-

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари
-

Трамп: Решавањето на украинскиот конфликт е поблиску отколку што мислат луѓето
-

Аеродромот на Сицилија затворен поради активност на вулканот Етна
-

СП 2026: Трамп призна дека побарал од Инфантино да го разгледа исклучувањето на Балогун
-

Над 130.000 казни од почетокот на „Safe City“, 95% од нив за брзo возење
