Додик: Немам информација за санкции од САД, но ги очекувам
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека не знае дали е точна информацијата дека САД против него вовеле санкции, но истакна дека очекува такво нешто.
- Не знам дали е точна информацијата дека се наоѓам на американската црна листа, бидејќи не сум добил ниту еден официјален документ. Но, очекувам такво нешто, истакна Додик.
Шефот на Претставништвото на Република Српска во Вашингтон, Обрад Кесиќ исто така истакна дека нема информација оти САД вовеле санкции против претседателот Додик.
- Службено ништо не е соопштено, а колку што знам такви информации нема ниту Амбасадата. Малку е чудно што такви информации добиле медиумите, нагласи Кесиќ.
Министерот за надворешни работи на БиХ, Игор Црнадак изјави дека ниту ова Министерство не е информирано за санкции против Милорад Додик.
Според шпекулациите во медиумите, санкциите против Додик вклучуваат забрана за патување во САД и замрзнување на имотот на американска територија, како и во сите земји кои ќе ги поддржат овие санкции.
Инаку, Додик веќе го откажа патувањето во САД на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, бидејќи американската Амбасада во Сараево не му издаде ниту дипломатска, ниту граѓанска виза.
Ново на Сител
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес
-
Студентите во блокада остануваат пред РТС до исполнување на нивните барања, за власта тоа е незаконски начин
-
Хамилтон: Знам дека фановите на Ферари не се задоволни од мене
-
Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“
-
Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот
-
Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково