Петти маратон за создавање игри - Global Game Jam Македонија
Македонската асоцијација за развивање игри - МАГДА од денеска до 22 јануари во Скопје, Битола и Охрид ќе го организира петтиот Global Game Jam Македонија.
Global Game Jam е најголемиот интернационален настан за креирање игри, кој се одржува еднаш годишно истовремено на голем број локации низ светот, во вид на 48-часовен маратон.
Целта на Global Game Jam, кој е дел од International Game Developers Association (IGDA), е да поттикне креативност, соработка и експериментирање кај сите што сакаат да создаваат игри. Минатата година Global Game Jam се одржа на 611 локации во 93 земји и беа создадени 6866 игри.
Македонија почна да учествува на овој глобален настан во 2013 година, со локации во Скопје и Битола, а од оваа година и во Охрид.
- Во изминатите три години интересот за учество беше изненадувачки голем и досега се сретнаа скоро 800 учесници - ентузијасти, средношколци, студенти и професионалци од различни сфери. Досега се создадени 104 игри во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти. Во 2016-та Македонија беше на петтото место во светот по бројот на игри создадени на нашиот настан по глава на жител, соопшти МАГДА.
Global Game Jam Македонија ќе се одржува во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ во Скопје и во Советот на Општина Битола. Во текот на работата ментори од компанијата ShadowGrid ќе им помагаат на учесниците и ќе одржуваат кратки предавања. За најиновативните тимови и поединци се обезбедени награди.
Ново на Сител
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение