Белгиските пратеници не се откажуваат од бесплатното пиво

Со заеднички сили пратениците во белгискиот Парламент ја отфрлија иницијативата за укинување на нивното право на бесплатно пиво и вино во текот на седниците.
Етичкиот комитет побара од претседателот на Парламентот, Зигфрид Браке да ги укине бесплатните алкохолни пијалаци по истрагата за лошо однесување во Собранието, со образложение дека тој потег „би го поправил квалитетот на дебатата“.
- Некои од пратениците стануват прилично непријатни кога ќе се напијат, рече претседавачот на Комитетот, Дани Питерс, додавајќи дека бесплатни пијалаци не се нормална појава на кое било друго работно место.
Сепак, откако тој разговарал со челните лица на парламентарните партии, Браке изјави дека алкохолот останува бесплатен, оти „проблем не постои“.
Бесплатното пиво и вино на седниците е воведено во 1990 година, со цел - пратениците да не ја напуштаат собраниската сала заради пијалаците.
Ново на Сител
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
-

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
