Изложба на фотографии и нова песна за роденденот на Тоше

Со крводарителска акција, изложба на фотографии на Тоше и промоција на негова нова песна во Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево денеска ќе биде одбележан 36-от роденден на македонската и балканска музичка ѕвезда, која во 2007 година трагично го загуби животот во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.
Манифестациите ги организира Фондацијата „Тоше Проески“ во соработка со Спомен куќата - музеј на Гумење во Крушево.
Во текот на целиот ден во Спомен-куќата ќе се спроведе крводарителска акција. Напладне ќе биде отворена изложбата на петнаесетина досега необјавени фотографии на Тоше, а ќе биде промовирана и инструменталната верзија на песната на Тоше „Никада“.
Во Крушево допатуваа фанови на Тоше од Бугарија, Србија, Русија... за уште еднаш да му укажат чест и почит за неговото музичко творештво и неговите хумани дела.
Во спомен на Тоше Проески денеска ќе се одржи и панихида на неговото вечно почивалиште на Гумење во Крушево.
Традиционално, по 13-ти пат во Домот на АРМ во Скопје ќе се спроведе крводарителска акција, во организација на Црвениот крст, Институтот за трансфузиона медицина и Тоше фан форум клуб.
Ново на Сител
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
