Честитка од Иванов до кинескиот претседател Си Џинпинг по повод кинеската Нова година

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод кинеската Нова година, упати честитка до претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг.
- По повод кинеската традиционална Нова година, ми претставува особена чест и големо задоволство, во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име, Вам и на пријателскиот кинески народ, да Ви упатам искрени желби за просперитет, благосостојба, мир и стабилност во Новата 2017 година. Со задоволство можам да констатирам дека севкупните односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина ги одликува искреното пријателство, заемна доверба и разбирање, изразени преку континуиран, плоден политички дијалог, стои во честитката.
Воедно, шефот на државата изразува убедување за натамошно јакнење и унапредување на соработката меѓу двете земји.
- Истовремено, би сакал да го изразам моето искрено убедување дека и во Новата 2017 година, со заеднички заложби ќе продолжиме да го јакнеме нашето традиционално пријателство и ќе ја унапредуваме нашата добра соработка со поголем интензитет во сите полиња од заемен интерес. Дозволете ми, почитуван господине Претседателе, уште еднаш да го изразам моето длабоко почитување и да Ви упатам искрени желби за добро здравје, лична среќа и успех во Новата година, се наведува во честитката од претседателот Иванов.
Ново на Сител
-

Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер
-

Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
-

Затворот во Струмица доби лулашки и лизгалки
-

Подвиг за восхит: 11-годишниот Давид и 12-годишната Анастасија освоија три алпски врва над 4.000 метри
-

Oсум тони марихуана недостигаат во фирма за одгледување медицински канабис во струмичко
-

Марихуана пронајдена кај две државјанки на Перу
-

135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол запленети на зелениот пазар во Чаир
-

Трамп изјави дека наскоро ќе биде организирана средба меѓу Путин и Зеленски
