Исчистени 47 км вади и канали во Кочанско

Водостопанство на Македонија подружница „Брегалница“ од Кочани во текот на 2016 година согласно планот за одржување на каналската мрежа во атарот на Кочанско, Оризарско, Прибачевско, Грдовско, Долно и Горно подлошко, Мојанско и Теранско поле исчисти 46 км вади и канали за наводнување.
Оваа каналска мрежа како дел од Хидросистемот „Брегалница“ се користеше во периодот за наводнување на полињата, додека во зимскиот период се користи за одводнување на полињата.
- Минатата година дополнителкно со наша механизација интервениравме во чистењето на крајбрежниот дел на Кочанска и Оризарска река во должина од 350 метри, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани.
Во планот за 2017 година во атарот на Кочанското поле се планира да се исчистат 71,2 км вади и каналска мрежа.
- Но со оглед на фактот што во ноември и декември, кога дозволуваа временските услови, исчистивме 21 км вади и канали во атарот на Оризраско, Прибачевско и Грдовско поле, за интервенција во чистењето на каналската мрежа до почетокот на наводнителната сезона за напролет ни остануваат за чистење уште 50 км каналска мрежа кое нешто ке го реализираме со подобрувањето на временските услови на терен, истакна Гоцев.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
