Македонија
31. January 2017 - 13:44

Објавен оглас за реконструкција на улица Сердарот во Кисела Вода

Кисела Вода ќе реализира проект за рехабилитација на коловоз на ул. Сердарот во село Драчево. Средствата се обезбедени преку проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП.

Општина Кисела Вода ги повикува сите подобни и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат рехабилитација на коловоз на ул. Сердарот во село Драчево. 

Огласот е објавен на веб страната на општината, www.kiselavoda.gov.mk во делот на Актуелни објави.

Заинтересираните подобни понудувачи можат да добијат дополнителни информации секој работен ден од 08:30 до 16:30 во општината на ул. Петар Делјан бр.17 или на телефон: 02/2785-417, Факс: 02/2785-417, Електронска адреса: javninabavki@kiselavoda.gov.mk.