Фудбал
31. January 2017 - 23:43

Премиер лига: Дербито на Енфилд без победник

Дербито на 23.коло од Премиер лигата одиграно на Енфилд меѓу Ливерпул и Челзи заврпи без победник 1:1. Гостите од Лондон поведоа во 24.минута со голот на Давид Луиз од слободен удар, а изедначи Џорџинио Ванајлдум во 57.минута. Во 76.минута голамнот на Ливерпул Симон Мињоле го одбрани пеналот на Диего Коста.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати:
Арсенал - Вотфорд 1:2, 
Бурнемут - Кристал Палас 0:2, 
Барнли - Лестер 1:0,
Мидлсброу - ВБА 1:1,
Сандерленд - Тотенхем 0:0,
Свонси - Саутемптон 2:1.
Утре играат: Вест Хем - Манчестер Сити, 
Манчестер Јунајтед - Хал и
Стоук - Евертон.
Таблеа: Челзи 56 бодови, Тотенхем 47, Арсенал 47, Ливерпул 46, Манчестер Сити 43, Манчестер Јунајтед 41,...