-->
-->
Антиќ и Пеце во клинч?!
-->

Поранешниот капитен на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ преку својот профил на Facebook, одговори на критиките кои кон него ги упати претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски.
Антиќ ја критикува досегашната работа на новото раководство кое го предводи Наумоски, како одговор на изјавата на првиот човек на Федерацијата дадена за хрватскиот портал „24sata.hr“.
Наумовски меѓудругото изјави дека неиграњето на Антиќ ги пореметило амбициите на репрезентацијата на ова ЕП.
„Тоа ги поремети нашите амбиции. На Перо му дадовме многу, но тој тоа не го врати, како што за своите репрезентации тоа го прават Новицки, Паркер и Гасол. Поради тоа нашите амбиции се сведуваат на пласман во вториот круг, а за да се случи тоа треба да ја совладаме Грузија“, изјави Наумовски.
Антиќ, кој се наоѓа во Њујорк, не остана должен и жестоко му одговори на одговори „Президенте“, како што го нарекува Наумовски.
„Моја е одговорноста ако не се пласираме понатака! Прифаќам! А на Пеце е одговорноста ако не подели дел од плацовите што ги добиваше од државата со репрезентативците! Боже сачувај! Да ми дадат 1% од тоа тебе што ти го дадоа ќе бев сопственик и на Евролигашки тим, а не да праќам по 10 деца на првенствата зошто не сакам да платам, па и од свој џеб како што правеше претходното раководство…
Да им обезбедат најдобри услови што може, место да кукам како сите краделе пред тебе, како си ги собра истите што не направиле ништо за македонската кошарка.
Јас како капитен седев со своите играчи, не како тебе на друга маса зошто ти играше во појаки тимови од другите. Но додека секој си зема за право да плука по секој очекувањата ќе бидат како твоите и немањето муда да се превземе одговорност.
И јавно кажувам, за карактер и човек како тебе никогаш не би играл, како играч ти симнувам капа.
Поздрав Президенте и наместо правење селфи, најди подобри услови и помогни ѝ на кошарката кај нас зошто ја нема. Мислам дека и затоа толку настојуваше КФМ или има нешто што не знаеме“, напиша новиот играч на турски Фенербахче на својот профил на Facebook.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Црни прогнози по двата земјотреса во Венецуела - се стравува дека има илјадници жртви
-

Тесла ќе вработи дополнителни 1.000 работници во својата единствена европска фабрика
-

Славенички и концертен спектакл – 20 години музичка кариера на Јордан Митев
-

Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон!
-

Анализи: Сообраќајот низ Ормуската Теснина се враќа во нормала
-

Бели волци ископале дупки и избегале од живеалиштата во Зоолошка, усмртиле четири кенгури и ему птици
-

Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туризам
-

Родителите на жртвите од „Пулс“ ја напуштија судницата по барањето за изземање на обвинителката Сарамандова
