Петстотини студенти од Македонија студираат во Љубљана, пријавувањето од утре

Петстотини студенти од Македонија се запишани на Универзитетот во Љубљана во академската 2016/2017 година. Најголем интерес за студирање имале на факултетите за економски науки, за општествени науки и за компјутерски науки и информатика. Пријавувањето за академската 2017/2018 е од утре до 20 април.
Словенија и Македонија имаат потпишано меѓународен договор и студиите за студенти од Македонија се бесплатни, освен во случаи кога школарината е задолжителна за сите студенти од прв степен на студии, кои веќе имаат стекнато степен на образование и според важечкиот Закон за високо образование на Словенија е еквивалентно на образованието што се добива по завршувањето на магистерската студиска програма од втор степен. Школарината, исто така, е задолжителна и за сите студенти од трет степен и за сите студенти на вонредни студии.
На студентска размена на Универзитетот во Љубљана на годишно ниво има околу 40 македонски студенти.
Студирањето на Универзитетот во Љубљана се одвива на словенечки јазик, а на некои студиски програми и на англиски јазик.
Ново на Сител
-

Вон контрола пожарот на грчкиот остров Крит во кој загинаа двајца пожарникари, а беа евакуирани села и 29 лица по морски пат
-

Дрон удри танкер за превоз на гас во египетско медитеранско пристаниште
-

Шумски пожари предизвикаа евакуации ширум Турција додека жештината и ветрот ги разгоруваат огнените стихии
-

Зеленски понуди помош од Украина за гаснење на пожарите во Франција
-

Македонските одбојкари против Грција на отворањето на Медитеранските игри
-

Израел: Хезболах изврши прв напад со дрон по прекинот на огнот од 19 јуни
-

Кампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш
-

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство
