-->
-->
Спасески оствари среда со раководството на Регионалната лига во бокс
-->

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска оствари средба со првиот човек на Регионалната лига во бокс, претседателот Јурица Рунтиќ и со директорот на регионалната лига Димитар Ташков.
Цел на средбата беше започнувањето на регионалната лига во бокс, која треба да се случи во месец март.
Рунтиќ и Ташков го информираа Спасески дека започнувањето на регионалното првенство (слично на Јадранската АБА лига во кошарка) ќе претставува историски чекор кон враќањето на популарноста на боксот во регионот.
Регионалното натпреварување ќе биде составено од екипи од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија:
- БК Пинк Пантер од Штип, Македонија,
- БК Спартак од Војводина, Србија,
- БК Лозница од Лозница, Србија,
- БК Лазаревац од Белград, Србија,
- БК Сесвете од Загреб, Хрватска,
- БК Славија од Бања Лука, БиХ,
- БК Радник од Бјелина, БиХ.
Ќе се одржат 14 кола започнувајќи со првиот натпревар кој ќе се одржи на 4 март оваа година во Македонија, во спортската сала „Јордан Мијалков" во Штип помеѓу БК Пинк Пантер и БК Спартак. Учесниците ќе се натпреваруваат во 9 категории и тоа 56кг, 60кг, 64кг, 69кг, 75кг, 81кг, 91кг и +91 кг.
Победникот на ова натпреварување ќе земе учество во WSB (Светска лига на прваци).
Спасески го поздрави овој навистина голем чекор кој треба да го врати борењето на високите патеки. Тој истакна дека Македонија секогаш преставувала извор на боксерски таленти кои подоцна станувале боксерски асови како што се носителите на олимписки медали Аце Русевски и Реџеп Реџеповски. На крај на состанокот Спасески додаде дека Агенцијата за млади и спорт ќе работи со уште позасилено темпо за развој на борењето и создавање на идни боксерски асови.
На средбата присуствуваа и Илија Младеновски потпретедател на Регионалната лига во бокс и Жељка Бошњаковиќ директор на „VOCOR MEDIA“ задолжена за медиумска и пи-ар покриеност на регионалната лига.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
-

НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години
-

ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
-

Мицкоски: Еврокомесарката Кос ќе престојува во земјава во рамките на редовната обиколка на регионот
