Едукативен час за првоодделенци за одговорно сопствеништво

Триесеттина првоодделенци од скопското основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“ беа дел од првиот едукативен час за одговорно сопствеништво кој го одржаа претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Станува збор за активности кои почнувајќи од денес, Агенцијата ќе ги реализира во неколку основни училишта во земјава, како дел од втората фаза од регионалната кампања „Биди неговиот херој“ на Светската организација за здравствена заштита на животните - ОИЕ за подигнување на јавната свест за одговорното сопствеништво. Македонија оваа кампања заедно со соседните земји Србија, Бугарија, Косово, Албанија и со Хрватска и Црна Гора почна да ја реализира во мај минатата година.
Димитар Терзиевски, помошник раководител на Сектор за здравствена заштита и благосостојба на животните на работилницата истакна дека преку оваа кампања се создаваат добри вредности и навики кај најмладата популација – децата за тоа што е одговорно сопствеништво и како треба да се однесуваат кон домашните миленици за да се обезбеди нивна и соодветна здравствена заштита и благосостојба и на бездомните животни.
Александар Филипчев, директор на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ ја поздрави реализацијата на кампањата и апелираше кон повикот на Агенцијата за соработка, да се одзват и другите училишта, бидејќи станува збор за едукативна кампања од која децата од најрана возраст учат како да се грижат за животните, но и како да се заштитат.
Анета Николова Стојановиќ и Срѓан Мештеровиќ вработени во Агенцијата заедно со кучето Агата, на првоодделенците практично им објаснија како треба да постапуваат со кучињата, со домашните миленици, како да им пријдат, да ги погалат, да ги нахранат, но и какво треба да биде нивното однесување и кон нив и кон бездомните животни.
Како дел од едукативната работилница, на децата им беше поделен промотивен материјал, едукативни боенки за одговорно сопствеништво, брошури, прашалници за потенцијалните одгледувачи на кучиња и постери
Ново на Сител
-

МВР: Расчистен случајот со опасно управување скутер во Штип | ВИДЕО
-

Автобус се запали на автопатот Велес-Скопје
-

Димитриеска Кочоска на ФБ: Намалувањето на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто ќе важи до 1 јуни
-

Истрага за осомничен за продажба на кокаин во Тетово
-

ЈОРСМ: Предложен притвор за телесна повреда при семејно насилство во Скопје
-

ФФМ упати осуда за навредливо и недолично однесување на ФК Вардар
-

Кривична за малолетничка од Кочани која психички вознемирувала дете
-

Сообраќајка помеѓу два електрични тротинети во Скопје управувани од 62-годишна жена и малолетник
