„Вечерњи лист“: Хаг им испрати одвоени писма на членовите на Претседателството на БиХ
Меѓународниот суд на правдата им испрати на посебни адреси на тројцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина писма во коверт, за чија содржина засега може само да се претпостави, пишува „Вечерњи лист“ во изданието за БиХ.
Доколку, како што пишува весникот, се испостави дека во прашање е барање за изјаснување на членовите на Претседателството, Младен Иваниќ, Драган Човиќ и Бакир Изетбеговиќ за барањето за ревизија на пресудата по тужбата на БиХ против Србија за геноцид, тоа ќе биде „невиден притисок врз институциите на една барем официјално суверена и независна држава“.
- Со оваа невообичаена пракса на одвоено обраќање до членовите на Претседателството, Меѓународниот суд за правда направи преседан, кој најверојатно треба да ги принуди членовите на Претседателството да се изјаснат, односно да гласаат за прашање, кое очигледно предизвикува внатрешни несогласувања, пишува весникот.
Претседателството на БиХ изминатите денови се обидело да одржи седница, на која би се разгледало ова прашање и да се изјасни за него, но по консултациите се испоставило дека договор нема, па закажаната седница прв ја напушти Изетбеговиќ, а потоа и Човиќ.
- Овие одвоени писма се своевидно закажување седница на Претседателството. Таков вид притисок врз највисоката институција на БиХ досега не е виден, заклучува „Вечерњи лист“, во изданието за БиХ.
Хрватското Министерство за надворешни работи вчера изрази загриженост од можната дестабилизација на Босна и Херцеговина, откако муслиманскиот член на колективното Претседателство, Бакир Изетбеговиќ ја обжали пресудата на Меѓународниот суд во Хаг, со која Србија се ослободува од обвиненијата за геноцид за време на босанската војна, јави Хина.
- Хрватска ги почитува права на БиХ да ги користи сите инструменти на меѓународното право, но ја потенцира важноста за зачувување на стабилноста и потребата решенијата да се носат во рамки на институциите, со почитување на уставното начело за рамноправност на трите државотворни народи во БиХ, нагласи хрватското МНР, коментирајќи дека Изетбеговиќ ја доставил жалбата без согласност на хрватскиот и српскиот член на Претседателството.
Хрватскиот претседател Колинда Грабар Китаровиќ исто така изрази загриженост за стабилноста во Босна и Херцеговина и ги повика босанските политичари да се фокусираат на европската интеграција на земјата, а не на споровите од минатото.
Ново на Сител
-
САД ќе продолжат да се ангажираат за прашања од заеднички интерес
-
Може ли за неколку месеци да се стане АИ експерт? | Growth Labs Academy | Sitel Podcast 050
-
Полицијата презема мерки за пронаоѓање шест лица - работници од Непал
-
Избувна пожар во светиниколско: Изгоре штала, две грла добиток, млин, сточна храна
-
Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција