ОН предлага на преговорите во Женева за Сирија да се разгледаа три теми - управување, устав и избори

Посредникот на ОН за Сирија Стафан де Мистура, кој посредува на меѓусириските преговори во Женева, даде предлог завојуваните страни да разгледаат три основни теми - управување, устав и избори.
Предлогот е наведен во документ, што е предаден на делегацијата на режимот во Дамаск и на делегацијата на опозицијата.
Темите се формулирани со резолуцијата 2254 на ОН, што е донесена во 2015 година и го дефинира меѓународниот патоказ за политичко решавање на конфликтот во Сирија.
Но, администрацијата на сирискиот претседател Башар ал Асад и опозицијата му даваат различно толкување.
По прашањето за управувањето, според владината администрација, не може да се стави под прашање власта на Башар ал Асад, додека опозицијата настојува на преоден огран на управување, што ќе има извршна власт.
- Ќе ги разгледаме паралелно тие три прашања, се посочува во документот на Де Мистура.
Преговорите во Женева, што се наречени „почетни дискусии“, имаат за цел да го подготват теренот за суштинските преговори по трите теми, се посочува во текстот.
Се предвидува дека се потребни неколку сесии со цел да се постигнат резултати.
Прашањата за прекин на огнот, за борбата против тероризмот и хуманитарните проблеми ќе бидат разгледани во друг формат, познат како „процесот од Астана“, стои во документот.
Ново на Сител
-

Цените на нафтата нагло пораснаа по обновените судири меѓу САД и Иран
-

Вардар 1961 по 18. пат го освои трофејот во Купот на Македонија
-

Пратениците ќе ги разгледуваат амандманите поднесени на Предлог законот за Советот на јавни обвинители
-

Во Штип почнува оценувањето на Лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „Блесок 26“
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД
-

Трамп: Иран сериозно го прекрши примирјето, но американските претставници вo понеделник ќе бидат во Пакистан
-

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
