Турското обвинителство испитува постоење на „хунта“ во армијата
Турското обвинителство покрена истрага поради можно постоење „група во рамки на војската“, која би можела да и „наштети на Владата“, јави денеска турската државна новинска агенција Анадолија.
Според агенцијата, Обвинителството од Истанбул покренало истрага по текстот објавен изминатиот викенд во весникот „Хуриет“, во кој се наведува дека воените штабови „се вознемирени“ поради критиките на сметка на војската.
Истрагата е започната како одговор на официјалната жалба од професор на еден факултет, кој наведува дека во текстот има докази за присуство на „влијателна и активна хунта“, наведува Анадолија.
Турската Влада во јули минатата година се соочи со неуспешен обид за државен удар, за што Анкара го обвинува исламскиот проповедник Фетулах Ѓул дека е организатор на превратот. гт/сп/15:33
Ново на Сител
-
Анкета на КСПС: Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1
-
Во источна Турција измерени минус 34 степени Целзиусови
-
Пред пратениците следниот месец закон со кој ќе се спречи изградба на катната гаража зад Парламентот, најави Гаши
-
Трамп блокираше помош од 50 милиони долари за кондоми за Хамас
-
ЕК одвои една милијарда евра за проекти за развој на нови одбранбени технологии и капацитети
-
Притвор од осум дена за хирургот од Битола осомничен за земање поткуп
-
Најмалку 30 тела досега се извлечени од Потомак по судирот на авион и хеликоптер кај Вашингтон
-
Европол: Уапсени над 400 лица во борбата против лажни лекови во 30 земји