Четири работи во сексот кои мора секој да ги совлада до својата 35 година

Како поминуваат годините, така бројни луѓе имаат се поквалитетни сексуални односи наместо да им опадне интересот за секс. Дали некогаш сте се запрашале зошто е тоа така?
Истражувањата покажуваат дека поготово жените во сексот најмногу уживаат од 35 година па натаму. Причината за тоа е, тврдат научниците, подобро познавање на своето тело, желби и потреби.
Токму поради тоа ова се четири правила кои морате да ги совладате до 35-та година од вашиот живот:
Правете го она што го сакате
Сексот е мнгоу интимна и страствена работа во која учествуваат двајца. Уживањето коа може да го донесе водењето љубов е неверојатно искуство, но единствено ако го правите тоа што вам ви одговара. Ок е да кажете „не“, но не се плашете да пробате нешто ново.
Ескпериментирањето не е табу
Довербата меѓу партнерите кои се во долга врска и тоа како може да влијае на квалитетот на сексуалниот однос. Кога тие двајца доволно се познаваат, мали експерименти во сексот се и повеќе од добредојдени. Пробајте, комбинирајте и уживајте.
Никогаш без заштита
Освен заради несака бременост, заштитете се и од полово преносливи болести кои во последно време ги има се повеќе и повеќе. Тоа најмногу се однесува на оние кои се „тазе“ венчани и нови интимни партнери. Не вреди да се ризикува
Не брзајте
Сексуалиот однос може да биде многу интересен и може да трае во теков на целата ноќ… или ден. Но, не е се до сексот, туку во ситниците пред и после него. Играта на заводување, предигра, жешки паузи, мачкање по односот. Има голем број можности, интересни и многу забавн. Уживајте во односот и истражувајте ги своите желби и потреби.
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
