Трамп го потпиша новиот изменет указ за миграцијата

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја потпиша изменетата верзија на својот указ за миграција, што има за цел да ги спречи граѓаните на неколку земји да влегуваат во САД, а федералниот суд од Сиетл го блокираше неговото дејство, пренесоа светските агенции.
Според новата верзија на указот, забраната за влез во САД веќе не се однесува на државјаните на Ирак, а според документите објавени од Министерството за внатрешна безбедност, извршната наредба се уште важи за граѓаните на Иран, Либија, Судан, Сомалија, Сирија и Јемен.
Новата верзија на указот во сила ќе влезе на 16 март. Со указот во следните 90 дена ќе се запре издавањето нови визи на државјаните од горе споменатите шест земји. Во следните 120 дена, пак, се забранува прифаќањето бегалци во земјата. Но, во САД бегалците ќе имаат право да дојдат доколку патувањето веќе им било претходно планирано, забележаа француските медиуми.
Имателите на американска зелена карта и на визи се заштитени од примената на новата верзија на указот и ќе можат да влегуваат во САД, уверува американската Влада, пренесуваат француските медиуми.
Указот Трамп го потпиша во Белата куќа, а веднаш потоа министрите за внатрешна безбедност, за правда и за надворешни работи и официјално го претставија во јавноста, пренесуваат американските медиуми.
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
