АХВ да го провери квалитетот на медот во маркетите, бараат пчеларите

Пчеларите од Делчево и Македонска Каменица бараат Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) да го испита квалитетот на увезениот мед кој се продава во маркетите за 200 денари. Воедно апелираат потрошувачите да не го купуваат зашто, како што оценуваат, се работи за фалсификат.
- Бараме АХВ да изврши проверка на медот кој според нашите сознанија во голем дел е фалсификуван. Тоа не е мед, тоа се сахариди со примеси од што најмногу страдаат граѓаните. Цената, пак, од 200 денари му конкурира на нашиот домашен мед кој е чист и вистински и кој луѓето го употребуваат за здравје. Оттука, штетата е двострана, и на сметка на потрошувачите и на производителите, вели претседателот на Здружението на пчелари „Пијанечка пчела“ од Делчево Јован Медарски.
Според претседателот на Здружението на пчелари од Македонска Каменица Боге Јанковски, со увозот на медот се поттикнува нелојална конкуренција.
- Апелирам граѓаните да не го купуваат медот од маркетите, бидејќи тоа не е мед и не може да се споредува со нашиот планински мед каде пчелите имаат паша на чиста територија. Лани малопродажната цена на медот беше 240 денари, а годинава со овој увезен мед цената падна на 200 денари, рече Јанковски.
Во регионот на Делчево и Македонска Каменица има околу 150 пчелари кои чуваат околу 2.000 пчелни семејства.
Ново на Сител
-

Кина воведе санкции против американски поединци и одбранбени компании поради продажба на оружје на Тајван
-

Герасимовски: Новитет „центарска картичка“, зголемена поддршка за пензионерите и семејствата, мерки за подобар стандард за 2026
-

Петрова: Упатени околу 10 000 покани до граѓани кои треба да го пријават доходот остварен во странство
-

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра
-

ФЗО и УЈП со контроли кај матични гинеколози, кај 26 од 49 немало никакви неправилности
-

Хренин: Западот се подготвува за воена акција, ова не е блеф
-

Предлог законот за ратификација на Договорот за изградба на железничкиот тунел меѓу Бугарија и Северна Македонија го помина комисискиот филтер
-

Белгија се откажува од проектот „и-полиција“ поради неисполнети очекувања
