Во Дрезден почна судски процес против осуммина екстремисти, обвинети за тероризам
Во Дрезден денеска почна судски процес против осум лица, обвинети за насилство врз баратели на азил и нивните поддржувачи, пренесе ДПА.
Овој судски предмет може да создаде судска пракса за изрекување казни против екстремно десничарските терористи во Германија.
Федералното обвинителство гони седуммина мажи и една жена, осомничени дека биле основачи и членови на десничарската терористичка организација „Фрајтал“, од истоимениот германски град.
Се очекува долг, речиси двомесечен, процес во регионалниот суд во Дрезден. Лицата ќе одговараат за обвиненија за обид за убиство, предизвикување тешка телесна повреда и употреба на експлозиви.
Екстремно десничарските терористи се осомничени за извршители на пет бомбашки напади врз места за сместување на бегалците и канцелариите на политичките опоненти со цел да се предизвикува „атмосфера на страв и репресии“.
Обвинетите се на возраст меѓу 19 и 39 години. Некои од нив во притвор се уште од ноември 2015 година.
Во нивните напади, извршени во периодот меѓу јули и ноември 2015 година, ранети биле две лица.
Федералното обвинителство во април 2016 година го презеде предметот од провинциските власти во Саксонија откако процени дека обвиненијата се поврзани со терористичка активност.
Ново на Сител
-
Директорот Бурим Љатифи го пушти во работа новиот трансформатор во ТС Битола 2: Клучен чекор за енергетска стабилност
-
Трудо поднесе оставка како лидер на партијата, но ќе остане премиер додека партијата не избере негов наследник
-
Откажани 1.339 летови низ САД поради невремето кое донесе обилен снег
-
ЗНМ: Запалено возило на новинарка
-
Сиљановска-Давкова: Божиќ е симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста
-
Опожарени четири автомобили во пожар во автосервис во Сарај
-
Малолетник завршил со повреди, откако со другар влегле во двор во скопско Студеничани и одврзале куче кое ги нападнало
-
Честитка од Минчев по повод Бадник: Солидарноста и поддршката се темел на нашето општество