Македонија
7. March 2017 - 19:27

Димовски на Твитер: Кире ви смета, Села не!? Од Бихачка ли ви рекоа?

-Кире ви смета, Села не!? Од Бихачка ли ви рекоа, напиша на својот Твитер профил пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

ilija

Ваквиот твит на Димовски доаѓа откако претходно македонскиот ракометен капитен преку пост на социјалните мрежи изрази поддршка за Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, по што следеа напади врз Лазаров од партиски активисти на СДСМ, меѓу кои и Александар Маленко кој жестоко ги брани политиките на СДСМ и Заев за редефинирање на македонската држава и рушење на нејзината унитарност.