Педесет портрети на македонски жени за промоција на родовата еднаквост

По повод Меѓународниот ден на жената, Францускиот институт денеска од 18 часот ќе го организира настанот „50 портрети на жени во Македонија посветени на промоцијата на женските права" за да ја промовира родовата еднаквост во општествената и во политичката сфера.
Најавено е присуство на жени од најразлични сфери на делување, кои ќе одговорат на прашањето „На кој начин во вашето секојдневие ги застапувате женските права?“
Фотографот Милан Стрезовски притоа ќе им направи портрет, а највпечатливите 50 портрети ќе бидат изложени во Францускиот институт во Скопје и ќе бидат поставени на неговата фејсбук страница.
- Стереотипите ја попречуваат целосната родова еднаквост. По тој повод, Меѓународниот ден на женските права, којшто се одбележува на 8 Март, е потсетување на секојдневната борба за реална родова еднаквост, која е потребна особено во денешно време. Целта на настанот е да ги покани жените кои преку нивните постојани активности, секоја во своето поле на делување, придонесуваат за родова еднаквост и за унапредување на правата на жените во Македонија, соопшти Францускиот институт.
Ново на Сител
-

Макрон ги критикува потезите на Трамп: Не смее да има никакви отстапки пред руските закани
-

Мерц: Русија сериозно ќе преговара за мир само под притисок
-

Зеленски: По нападите врз центрите за податоци на „Јандекс“, има помалку ботови и омраза на социјалните мрежи
-

Хрватска набавува јужнокорејски ракети со дострел до 500 километри, потврди Пленковиќ
-

МП за случајот со Михајлова: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман
-

Ивановиќ: Црна Гора денеска ќе затвори три преговарачки поглавја со ЕУ
-

Ѓорѓиевски: Во Скопје в среда продолжува најголемата еко-акција досега
-

ЈОРСМ: Лани во октомври на Михајлова ѝ се одземени два пасоша и не ѝ беа вратени поради ризик од бегство
