-->
-->
Супер лига: Охрид не го дава првото место
-->

Ракометарите на Охрид синоќа постигнаа победа на гостувањето во Прилеп над истоимената екипа со 33:27 во натпревар од 16.коло од Супер лигата. Со новите три бодови охриѓани се вратија на првото место на табелата. Најефикасен кај победникот беше Крсте Андоновски со 11 голови.
На вториот натпревар одигран вчера Еурофарм Работник – Радовиш 36:25.
На дуелите одиграни во петокот: Вардар Јуниор – Металург 2 33:25, Пелистер – Борец 29:25 и Пролет – Работнички 40:23.
Табела: Охрид 37 бодови, Пелистер 37, Работник Еурофарм 34, Борец 26, Прилеп 23, Радовиш 22, Пролет 22, Металург 2 18, Вардар Јуниор 14, Работнички 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведен маж кој демнел и се заканувал на сопругата со која се во бракоразводна постапка
-

21-годишен мотоциклист тешко повреден откако удрил во карпа
-

Прегазена 52-годишна жена од Скопје
-

Британскиот министер за Северна Ирска, Хилари Бен, тврди дека немирите во Белфаст се расистичко насилство
-

Преземени мерки за справување со пожарите, воздухопловите и возилата сервисирани навреме, вели Мицкоски
-

Останува проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти, десетици заинтересирани компании за дата центри
-

Ристовски: Од некогашна руина направивме солиден спортски храм
-

Турците, Германците, Србите и Французите најбројни странски туристи во земјава
