Оваа услуга проститутките ја наплаќаат најскапо

Сосема ново гледиште за она што го доживуваме како интимно дава документарниот филм за проститутки од Невада, кој е реализиран од страна на „Куарц“.
Што сметате за поинтимен чин, сексот или разговорот со некого во кој откривате лични работи за вас и вашите искуства?
„Сексуалните работнички за поинтимен го сметаат отворениот разговор со некого, што од материјален аспект го прави поскап отколку самиот секс“, вели Кристина Переира, поранешна проститутка, која сега ја изучува интимноста.
Некои јавни куќи во Невада на клиентите им овозможуваат услуга наречена „интимен разговор“, односно нешто што може да се смета како состанок со една од проститутките. Како што открила една од девојките во документарецот, повеќето од нејзините клиенти се постари мажи, кои се разделени од сопругите или пак нивните животни партнерки се веќе починати.
„Го доживувам како комплимент она кога на крајот од вечерта ќе ми се заблагодарат за искуството што го имале со своите сопруги кога биле помлади“, изјавила таа во видеото.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
