Протестен марш во Македонска Каменица и во Делчево

Граѓани на Македонска Каменица поддржувачи на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ попладнево повторно излегоа на протестен марш кој се одвиваше по улиците во центарот на градот во мирна атмосфера.
На проетстот пред присутните се обрати жител на селото Саса, Новица Стојановски, кој порача дека никој од надвор нема право да одлучува за македонската држава, нејзиниот устав и нејзината унитарност.
- Браќа и сестри доведени сме во прашање да се бориме за здив, бидејќи ни се одзема воздухот за дишење. Понижени сме од политиките на Брисел и Вашингтон кои очигледно работат на целосна наша идентитетска ликвидација. Новиот тип на геноцид што избраа го тестираат во Македонија. Затоа како моќна алатка ги користат нашите алчни соседи. Не застрашуваат со најрзалични средства, политички и економски блокади, но и со воен тероризам како оној од 2001-вата. Но, ние сме храбри и вистината и правдата се на наша страна , бидејќи имаме единствена цел да ја сочуваме Македонија, рече Стојановски.
Попладнево по осми пат протестен марш „За заедничка Македонија“ се одржа и во Делчево. Протестниот марш започна од градскиот парк и со познатата црвено-жолта симболика и транспаренти „За заедничка Македонија“, се одвиваше во мирна атмосфера низ улиците во центарот на Делчево. Граѓаните поддржувачи на иницијативата порачаа дека протестите ќе траат се додека не се добие гаранција од политичките фактори дека нема да се прифаќаат платформи од други држави и ќе се гарантира уставниот поредок на државата.
Ново на Сител
-

Megawin.mk - единствената легална интернет-платформа што одговорно ја претвора среќата во забава
-

Нападите со украински беспилотни летала предизвикаа прекини во електричната енергија во рускиот регион Брјанск
-

Караман и официјално признаен како автентична македонска раса на куче
-

Поплавени земјоделски површини и куќи, се уште исклучително висок водостојот на Вардар во горното течение
-

Две лица организирале проституција во помошен објект од ќука во Тетово
-

Запален луксузниот „Брабус“ на Бака Прасе вреден 500.000 евра | ФОТО
-

Во Русија и во повеќе од 20 други земји ќе се одбележи втората годишнина од смртта на Алексеј Навални
-

МОН почнува со посета на универзитетите во рамки на јавната дебата за Законот за високо образование
