Тага во Медицинското училиште: Учениците во шок од последната трагедија

Се уште не се опоравивме од неодамнешното губење на две ученички, кои загинаа пред година и пол, кога ги удри автомобил во Петрово, а сега повторно ни се случи друга трагедија.
Тоа за „Независне новине“ го изјавија во добојското медициснко училипте, каде посетувале настава трагично настраданите сестри Кристина Ѓедовац (17) и Николина (18) која почина синоќа во Ургентниот клинички центар на Република Српска.
Тројца членови од семејството Ѓедовиќ, односно Кристина и нејзините родители Златко (53) и Славица (46) кои загинаа на место кога нивниот пасат на железничкиот премин завчера беше удрен од воз, се погребани денеска на бробиштата во Станови. Времето и местото за погребот на Николина ќе биде закажано подоцна.
Поради страшната трагедија градоначалникот Обрен Петровиќ 14. март го прогласи за Ден на жалот.

Поради оваа трагедија вчера на настава не дојдоа учениците од трета година од Медицинското училиште каде оди Николина. Инаку, Медицинското и пред година дена исто така загуби две ученички кои загинаа кога во нив удри автомобил.

Покрената е истрага за железничкиот премин која треба да утврди што точно се случило таа ноќ и зошто пасатот останал на пругата при доаѓањето на возот. Нивните соседи раскажуваат дека настраданиот Златко не бил возач бидејќи имал симптоми на ноќно слепило, па со возилото управувала неговата сопруга Славица.
Мештаните говорат дека железничкиот премин бил непрегледен и дека во последниве две години имало 7 железнички несреќи.
Ново на Сител
-

Кривична за четири лица од Кочани за злоупотреба на службена положба во јавна набавка од 1,4 милиони денари
-

Град Скопје го уредува кејот на Вардар и најавува изградба на нова градска плажа
-

Тивок марш и парастос во Македонска Каменица „Кети Милковска и 63 ангели“
-

Нападната екипа на ТППЕ во Куманово, полицијата приведе две лица
-

Кривична за поранешен директор и три лица во јавно претпријатие во Кочани за злоупотреба на службената положба
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка, со активна забрана за управување од нив една малолетничка
-

ОН ја повикаа Русија да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Украина
-

Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени
