„Уметничка пролет“ за патронатот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Со концерт на пијанистката Емилија Попивода, Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ утревечер во Мултимедијалниот центар во Штип ќе ја почне манифестацијата „Уметничка пролет“ по повод десетгодишнината на УГД.
Деканот на Академијата Тони Китановски на прес-конференција рече дека по повод патронатот на Штипскиот универзитет, кој се прославува на 23 март, тој ќе настапи со Влатко Стефановски, во придружба на Никола Ристановски кој ќе интерпретира поезија од Ацо Шопов. Најави дека студенти од Музичката академија на патронатот на отворено ќе имаат концерти на неколку локации во Штип, меѓу кои и кај Музејот и на Градскиот плоштад.
Во мај ќе организираат настап на новосоздадениот Биг бенд, со кој се обновува традицијата која, како што рече, почнала по Втората светска војна со Биг бендот „Македонка“.
- Сега ние ја обновуваме таа традиција, со заеднички сили со неколку музичари, млади и извонредни од Средното музичко училиште, како и студенти и нивни професори од Академијата, рече Китановски.
Додаде дека преговораат со познати музичари за концерти во текот на април на Штипскиот универзитет, во рамки на „Уметничка пролет“, а за крајот на академската година планираат концерт на познат бенд на отворено.
Пијанистката Попивода рече дека на утрешниот концерт ќе настапи со композиции од Димитрие Бужаровски кои се базирани на македонски народни теми.
- Практично, македонските народни песни се преработени во една класично пијано-верзија, со примеси на џез, експресионизам, импресионизам. Сметам дека публиката навистина ќе ужива препознавајќи ги познатите македонски песни, кои во минатото, но и денес, се изведуваат и се пеат на вечерните седенки, рече Попивода.
Меѓу композициите кои ќе ги исполни македонската пијанистка се „Зајди, зајди“, „Дали паметиш Милице“, „Шеќерна“, „Калеш Анѓа“ и „Не си го продавај Кољо чифликот“.
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
