Тереза Меј: Сега не е време за референдум за шкотска независност

Британската премиерка Тереза Меј ја отфрли можноста за организирање втор референдум за независност на Шкотска пред пролета 2019 година, порачувајќи и на шкотската прва министерка Никола Старџен дека „сега не е време за тоа“.
Меј нагласи дека нема да почне никакви преговори со Старџен околу нејзиниот предлог за организирање нов референдум за независност на Шкотска, во вреле кога таа треба да се покрене преговорачкиот процес за излез на Велика Британија од ЕУ.
- Не би било фер Шкотланѓаните да очкуваат нешто такво, кога не знаат каков вид партнерство ќе постои меѓу ЕУ и Велика Британија во иднина или како ќе изгледа шкотската независност, изјави Меј.
Изјавата на Меј доаѓа по соопштението на Страџен дека идната недела ќе побара од шкотскиот Парламент да усвои отворање на процес за втор референдум, што Единбург го оправдува со одлуката на британската Влада земјата да излезе од ЕУ.
Одбивањето на британската премиерка да прифати да разговара за Брегзит со Шкотска, како и за отворањето на процесот за повторен референдум ќе предизвика натамошна ескалација во односите меѓу Лондон и Единбург, кои и онака се прилично влошени, а посебно на релацијата меѓу Меј и Страџен.
Шкотската прва министера веќе и порача на Меј дека таа „нема мандат од никого“ за носење радикални решенија и одлуки, додека поранешниот лидер на Шкотската национална партија (СНП), Алекс Салмонд изјави дека британскиот „империјален Парламент“ во Лондон, повеќе нема право да и определува на Шкотска како таа ќе се однесува и какви мерки ќе определлува за својата иднина.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
