Габриел: Неактивноста на Европа го доведе Берлив до крајни граници
Германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел денеска ја обвини европската неактивност за бегалската криза, која Германија ја доведе до крајните граници на капацитетите во прием на барателите на азил.
- Неактивноста на Европа во бегалската криза ја доведе Германија до границите на своите капацитети. Проблемот не е бројот на бегалци, туку брзината со која тие стасуваат, со што се компликува работата на државите-покраини и германските градови, изјави Габриел за берлинскиот дневен весник Тагешпигел.
Пред денешниот состанок на министрите за внатрешни работи од ЕУ во Брисел со цел релокација на 160 илјади бегалци во рамки на земјите на Унијата, Габриел ја повика Европа да преиспита како брзо би можеле да им помогнат на ефикасен начин на земјите на потекло на тие бегалци.
Габриел предложи итна помош од 1,5 милијарди евра за најголемите бегалски кампови во Либан и Јордан, за училишта, за храна и засолниште.
Се очекува дека во 2015 година Германија ќе прими 800 илјади баратели на азил, четири пати повеќе отколку претходната година и многу повеќе од која и да е друга европска земја.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени