-->
-->
Кривопаланчани во голем број на улиците кажаа „НЕ“ за двојазичноста и федерелизацијата на Македонија
-->
Голем број граѓани на Крива Паланка и вечерва упатија пораки за унитарна и единствена Република Македонија од протестниот марш во организација на иницијативата „За заедничка Макеоднија“.
Паланчани маршираа од населба „Единство“, преку старата градска чаршија, низ главната улица „Свети Јоаким Осоговски“, центарот на градот, до плоштадот „Карпошово Востание“ пред зградата на општината.
Пораките останаа исти, „не“ за двојазичност, „не“ за федерализација на државата.
Организаторите истакнаа дека протестите продолжуваат се до отфрлањето на, според нив, однадвор скроената тиранска платформа со која некој сака да ја прекројува Македонија.
Ова беше десетти мирен протест на граѓаните на Крива Паланка со поддршка на иницијативата „за заедничка Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија