Иванов до Хан: Средба нема – моите ставови се непроменети
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, нема да оствари средба со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, информираат за Press24 од Кабинетот на Претседателот. Од таму велат дека претседателот Иванов, кој вчера престојуваше во работна посета на Унгарија, во Македонија ќе се врати доцна вечерва, при што нема можност за средба со еврокомесарот Хан.
Дека Иванов во својата агенда не планира средба со еврокомесарот Хан и со тројцата европратеници уште во петокот му било соопштено на амбасадарот Самуел Жбогар, велат од Кабинетот на шефот на државата. Претседателот Иванов своите ставови веќе му ги соопшти на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на нивната последната средба на 10 февруари 2017 година и тие остануваат непроменети.
Претседателот Иванов јасно и недвосмислено порача дека нема да определи мандат, без претходна јавна осуда и отфрлање на платформата од Тирана. Со оглед на тоа дека Претседателот нема да оствари средба со еврокомесарот Хан, од Кабинетот велат дека претседателот Иванов предвидениот термин им го отстапува на претставниците од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кои бараа средба со Хан. Добро е еврокомесарот да се запознае со аргументите и причините поради кои македонските граѓани протестираат повеќе од дваесетина дена, велат од Кабинетот на Иванов. Претседателот Иванов вчера престојуваше во работна посета на Унгарија, каде оствари средби со претседателот на Унгарија, со премиерот и со претседателот на унгарскиот Парламент.
Ново на Сител
-

Меџити: По две недели, нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“
-

Обвинетиот за убиството на 79 годишна жена во Штип не призна вина, судењето продолжува на 18 март
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика на претходната Влада што ја поддржувавте е минато
-

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
-

Почната е постапка за јавна набавка за чартер летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток
-

Три случаи на врсничко насилство евидентира кумановската полиција во еден ден
-

Кривична пријава за повеќе лица и две фирми од Гостивар, граделе без дозвола и фалисификувале документи
