Преживеале хорор на летување: Собарка се пикнала во собата и сакала да им го грабне бебето

Сиобан Прескот (25) тврди дека една собарка од хотел со 5 ѕвездички на Кипар сакала да им ја грабне едногодишната ќерка Харпер.
Вели дека кога се разбудила ја затекнала жената, облечена како чистачка во хотелот како стои над колевкаа. Сиобан почнала да вреска, поради што се разбудил нејзиниот парнер Симон (250 кој втрчал од балконот во собата и се соочил со жената која побегнала од собата.
Обидот за киднапирање е пријавен во полицијата на Кипар на 28. февруари, а чистачката добила отказ.

„Спиев кога таа жена се пикнала во собата и се обиде да ми го грабне детето. Се разбудив зошто Харпер врисна, во спротивно ќе се повтореше случајот на малечката Меди Мекејн. Кога ги отворив очите, мислев дека сонувам, бев во шок.
Почнав да врескам и ја преплашив жената која се обидуваше да ја подигне Харпер.
„Симон влета во собата и праша што се случило, но не можеше да ни одговори зошто не знаеше англиски. Повика некој на мобилен и истрача од собата“.
исплашените родители веднаш отишле на рецепција да разговараат со упаравникот на хотелот. Меѓутоа следувал нов шок. Родителите ги уверувале деак чистачката спремајќи ја собата сакала да го подигне детето за да го смири и да провери дали е во ред. Сиобан веднаш рекла дека тоа не е точно зошто жената кај себе немала средства за чистење. „Бев гола во креветот, како такво лице влегува во соба додека гостинот лежи во кревет. Влезе да ни го земе детето“, категорично тврди Сиобен.
Семејството било на одмор на Кипар. Велат дека подоцна од хотелот им рекле дека истата чистачка била отпуштена пред две години поради „инцидет“ и дека ова и бил прв работен ден во нивниот хотел.
Ново на Сител
-

Добивка за сите: Државна лотарија во служба на заедницата во 2025 година
-

РСБСП со апел за зголемена безбедност на децата во сообраќајот
-

Утрово најстудено во Берово со -11 степени, снег до 24 сантиметри на Попова Шапка
-

Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос - предвидени се бројни состаноци за презентирање на можностите за инвестирање во Македонија | ВИДЕО
-

Бројот на жртви во железничката несреќа во Шпанија порасна на 40, прогласена тридневна жалост
-

Почнува тестирањето на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
-

Романија последен противник на македонската репрезентација во Б-групата на ЕХФ Еуро 2026
-

Стратува второто полугодие за учениците

