Џереми Ренер можеби ќе се откаже од „Невозможна мисија 6“
Џереми Ренер, кого првпат го видовме во четвртиот дел од серијалот „Невозможна мисија", веројатно нема да ја репризира својата улога во претстојниот шести филм од сагата.
Во новиот филм повторно ќе ги видиме Том Круз, Ребека Фергусон, Сајмон Пег, Алек Болдвин и Шон Хари, а ќе има и нови ликови, како Винг Ремс, Хенри Кавил и Ванеса Кирби. Режисерската палка ќе му припадне на Кристофер Мекери, а премиерата е закажана за наесен наредната 2018 година.
Летово ќе заврши снимањето на сцените, а потоа следи постпродукцијата.
Сите погоре споменати актери го потврдија своето учество, освен Ренер, кој се уште се двоуми и уште не се изјаснил дефинитивно дали ќе учествува или не, но го има договорено снимањето третиот и четвртиот дел на серијалот „Одмазници“.
Инаку, би било чудно Ренер да се откаже, оти љубителите го „видоа" како наследник на Том Круз во наредните продолженија на „Невозможна мисија".
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло