Кривични пријави за три лица кои со уцена изнудувале пари
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б. (46) осомничен за кривично дело „уцена“, и против А.Д. (35) и Ј.Д. (55), двајцата од Свети Николе, кои се товарат за кривично дело „помагање“.
- Првопријавениот Б.Б., кој бил на издржување казна затвор во КПУ - затвор Штип, во својот мобилен телефон имал фотографии од четириесетгодишна тетовка со компромитирачка содржина кои самата му ги пратила на Вибер, соопшти МВР во дневниот Билтен.
Б.Б. почнал да ја уценува со закана дека ако не му даде пари во износ од 3.000 евра ќе му ги достави сликите на нејзиниот сопруг. Оштетената исплашена заминала на извесен период во Германија, по што Б.Б. заедно со второпријавениот А.Д. продолжил да го уценува сопругот на оштетената, кому успеале да му изнудат пари во три наврати.
Првиот пат сопругот на оштетената им донел пари во износ од 250 евра, додека пријавените биле во затворот, а во два наврата на жиро-сметка на третопријавената Ј.Д. уплатил по 10.000 денари.
Ново на Сител
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови
-
Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање
-
Хамас: Се интензивираат разговорите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа
-
Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик