ЕК отвори прекршочна постапка против Унгарија за операцијата против Сорос

Европската комисија денеска покрена прекршочна постапка против Унгарија за серијата потези поврзани со борбата на Владата на оваа земја против организациите на унгарскиот милијардер Џорџ Сорос, јави дописникот на МИА од Брисел.
На иницијатива на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, првиот заменик-претседател Франс Тимерманс денеска предводел дебата на Колеџот на комесари за последните случувања во Унгарија, кои пројавија широка загриженост за компатибилноста со правото на Европската унија и на заедничките вредности на кои се заснова Унијата.
На денешниот Колеџ е дискутирано за унгарскиот закон за високо образование, односно нацрт-законот во врска со надворешното финансирање на невладините организации (НВО), национални консултации за иницијативата „Стоп на Брисел“, како и правните проблеми во областа на азилот и недискриминацијата.
Колеџот на комесари се согласи да спроведе релевантни законски и поединечни зрели случаи на повреда во следниот циклус на прекршочни постапки до крајот на овој месец. Комисијата, исто така, ќе заврши брзо темелно правна оценка на Законот за високото образование и да одлучи за следните чекори во следниот циклус на прекршокот. За нацрт-законот за финансирање на НВО, Комисијата внимателно ќе го следи процесот и ќе се врати на прашањето врз основа на анализа на правните прашања. Конечно, во врска со националната консултација "Стоп на Брисел“ Комисијата одлучи денес да се подготви и да даде свој одговор на консултациите.
На Колеџот денеска е дискутирано за прашања што се однесуваат и на почитувањето на правото на Унијата и почитување на заедничките вредности на Унијата, утврдени во член 2 од Договорот за Европската унија.
Земено збирно, целокупната ситуација во Унгарија е причина за загриженост за Комисијата. Затоа, на Колеџот се согласија да почнат политички дијалог со унгарските власти, со другите земји-членки и со Европскиот парламент, се наведува во соопштение на Европската комисија.
Стравувањата во Брисел се дека со новиот закон за високо образование, Владата на премиерот Виктор Орбан почнува процес за елиминација на Централно-европскиот универзитет (ЦЕУ) на Џорџ Сорос во оваа земја, како и ограничување на делувањата на соросовите невладини организации во Унгарија.
Ново на Сител
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
-

Мицкоски: Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет
-

Жена пронајдена почината во стан во Скопје
-

16-годишно девојче нападнато од нејзиниот 28-годишен партнер
