Во Охрид мирен протест за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва протестираше во Охрид.
Протестот и овој пат започна од плоштадот спроти Охридската гимназија, по што учесниците продефилираа по улицата „Димитар Влахов“ и булеварот „Македонски Просветители“, од каде низ чаршијата се упатија на градскиот плоштад.
- Излезени сме на протест против редефинирањето на Република Македонија и за поништување на платформата изготвена во туѓа држава, донесена овде преку албанските партиски лидери. Ние таа платформа целосно ја отфрламе, оттаму што таа води кон бинационална држава со крајна цел разнебитување на Македонија, изјави во име на учесниците на протестот Чедомир Ристески.
Иницијативата „За Заедничка Македонија“ се противи на платформата на политичките партии на Албанците со која, според нив, се предвидува воведување двојазичност на територијата на целата држава и други законски измени што го загрозуваат унитарниот карактер на државата.
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
