Во Тетово обука за лична асистенција за луѓето со инавалидитет

Воведување услуги за лична асистенција за луѓето со инавалидитет е насловот под кој во Тетово се одржува дводневен тренинг во рамките на проектот Унапредување на услугите за социјална вклученост.
Активноста е поддржана од ИПА фондовите на Европската унија, а во Македонија се спроведува од организацијата WYG International limited во конзорциум со ESEP Limited и WYG Consulting Ltd.
- Тренингот има работен наслов Лична поддршка за живот, работа и радост и има за цел преку пилот-проект во пракса да го провери начинот на спроведувањето на моделот личен асистент за оваа категорија лица. Започнавме во јули 2015 година и паралелно се работи на измена и дополнувања на законската регулатива во оваа сфера како и поставување на стандарди за спроведување на личната поддршка. Овој пакет мерки треба да биде основа за подобрување на системот на социјалната заштита за лицата со инвалидитет, изјави координаторката на проектот Марјана Јанковиќ.
На дводневниот тренинг учествуваат осум лица со физички инвалидитет - корисници на моделот на лична поддршка од регионите на Тетово и Кичево, нивните идни асистенти кои самите ги избрале, претставници од Здржението Мобилност од Тетово и Гостивар како давател на услугите за време на пробниот пилот-период како и претставници од локалната власт, Центарот за социјални работи, Центарот за вработување од Тетово и претставници на бизнис секторот околу спроведувањето на личната поддршка на работното место.
- Сакаме во сите степени на обуката да бидат вклучени лицата со инвалидитет бидејќи сметаме дека при обуките на личните асистенти и претставниците на јавните служби многу е важно да се слушне мислењето и ставовите токму на овие лица за мерките што треба да се применуваат во иднина да им одговараат најмногу во нивното подобро вклучување во секојдневниот живот и работа во општеството, рече Јанковиќ.
Рокот на завршување на овој проект е јуни, годинава, по што сите заклучоци и предложени законски измени и мерки ќе бидат доставени на Министерството за труд и социјална политика по што треба да започне законската процедура за усвојување на мерките за воведување лична поддршка на лицата со инвалидитет.
Ново на Сител
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
-

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани само шест пациенти
-

Митева: 300 милиони денари за прославата обезбеди Државна лотарија - не се потрошени буџетски средства
-

Скопјанка пријавила дека малолетната ќерка била допирана од 63-годишен пријател на нејзиниот сопруг
-

Сопружници во бракоразводна постапка се тепале меѓусебно, па се пријавиле во полиција
