-->
-->
Трговски центар во Мостар изгоре до темел
-->
Трговскиот центар „Бинго“ во босанскиот град Мостар, со површина од околу 3.000 метри квадратни, ноќеска изгоре до темел. Според првите проценки штетите се неколку милиони евра.
Пожарот избувна синоќа околу 20 часот, по локално време, во складишните простоии и потоа се прошири во целата зграда.
Босанската полиција соопшти дека нема жртви, бидејќи сите лица кои се наоѓале во зградата се евакуирани навреме.
Градоначалникот на Мостар Љубо Бешич изјави дека сопствениците, како и целиот град ќе претрпат штета од оваа несреќа.
Трговскиот центар „Бинго“ е отворен во 2011 година и во него се инвестирани околу шест милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд