Сириските сили ја вратија контролата врз централен град по жестоките судири

Силите на сириската Влада презедоа централен град и околните населени места, зајакнувајќи ја безбедноста во околните региони, лојални на претседателот Башар ал Асад и навлегоа уште подлабоко во кварт во Дамаск, кој е под контрола на бунтовниците.
Сириската државна агенција САНА сооппшти дека војниците и провладините борци го зазеле централниот град Халфаја и околните населени места.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права соопшти дека бунтовниците се повлекле од Халфаја и околните населени места поради интензивниот копнен напад и десетици воздушни напади.
На 17 април силите на сириската Влада го зазедоа Тајбет ал Имам.
Сириската воена авијација соопшти дека владините сили навлегле подлабоко во квартот Кабун во Дамаск, преземајќи џамија, која се наоѓа на главниот пат.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права соопшти за интензивни судири во регионот.
Ново на Сител
-

Македонските ракометарки се пласираа на Европско првенство 2026
-

Обид за опожарување на објектот на еврејската заедница во Македонија и синагогата
-

Џон Кери: Нетанјаху предлагал напад врз Иран на претходни американски претседатели, сите одбиле
-

Папата Лав XIV им честиташе Велигден на верниците кои денеска го слават
-

Кремљ одбива да го продолжи велигденското примирје
-

Техеран: Ормуската Теснина е целосно под контрола на Иран
-

Во вторник во Вашингтон почнуваат преговорите меѓу Израел и Либан
-

Од вторник до четврток променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
