Физибилити студија за пречистителна станица за отпадни води во Скопје

Владата на Франција, денеска преку Амбасадата во Македонија ќе го предаде комплетниот документ во којшто е содржана физибилити студијата за изградба на пречистителна станица за отпадни води за Град Скопје. Документот ги содржи најдобрите можни опции за развој на проект од таков тип, од технолошки, еколошки и финансиски аспект.
Презентацијата ќе ја направат француските консултанти од групацијата ЕЖИС, во присуство на претставници на Делегацијата на Европската Унија во Скопје и потенцијалните финансиски донатори (Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Светска банка), како и на вклучените македонски институции Град Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање, Секретаријатот за европски прашања, Министерството за економија, ЈП Водовод и канализација...
Изработката на студијата за влијанието врз животната средина и анализата на параметрите цена - корист на понудените опции е дел од билатералната политика на Франција за соработка со Македонија, и изнесува 700.000 евра.
Документот ќе го предаде амбасадорот амбасадорот на Франција Кристиан Тимоние на претставниците на Град Скопје и на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
-

Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран
-

Пуштање во употреба на реконструираниот аеродром во Охрид, ќе присуствуваат премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николоски
-

Македонија одбележува 35 години независност
-

Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
