-->
-->
Виљареал убедлив во дуелот против Спортинг Хихон
-->

Екипата на Виљареал на домашен терен славеше убедлива победа од 3-1 против Спортинг Хихо, во првиот натпревар од 35.коло на шпанската Примера,
Домаќините поведоа со голот на Солдадо (33.минута), а во продолжение следуваа уште два на Седрик Бакамбу (47 и 59). Поразот на Хихон го ублажи, Даглас Переира со голот во 73.минута.
Со новите три бода популарната „ќолта подморница“ остана во игра за место во Лига Европа, додека тимот на Спортинг Хихон по поразот е се поблиску до напуштање на Примера.
Денеска на програмата се четири средби. Во Мадрид, Реал ја пречекува Валенсија, а во градското дерби во Барселона улогата на домаќин ќе ја има Еспањол.
Во другите две средби ќе играат, Сосиедад – Гранада и Лас Палмас - Атлетико Мадрид.
За утре закажани се средбите: Осасуна - Депортиво Ла Коруња, Бетис – Алавез, Еибар – Леганес и Селта Виго - Атлетик Билбао, а колото ќе биде комплетирано во понеделник со мечот Малага – Севиља.
Табела: Барселона 78 бодови, Реал Мадрид 78, Атлетико Мадрид 68, Севиља 65, Виљареал 63, Атлетик Билбао 59, Сосиедад 58,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
