-->
-->
Олимпијакос и Ефес во мајсторка за место на „Ф4“ во Евролигата
-->
Кој ќе биде последниот учесник на завршниот „фајнал-фор“ турнир во кошаркарската Евролига ќе биде познато вечерва.
Екипите на Олимпијакос и Анадолу Ефес вечерва во Атина од 20 часот ќе го играат решавачкиот пети натпревар од четвртфиналната рунда.
До оваа мајсторка дојде откако двете екипи забележаа половичен ефект на натпревраите одиграни на домашен терен, за разлика од средбите во регуларниот дел од сезоната кога поддршката од домашната публика беше голема предност.
Дали тоа ќе биде случај и вечерва на дуелот во Атина или турската екипа ќе направи уште еден „брејк“ останува да се види.
Победникот од овој меч ќе се пласира во полуфиналето каде за противник ќе го има актуелниот шампион ЦСКА Москва. Вториот полуфинален пар на „фајнал-фор“ фурнирот во Истанбул, ќе го сочинуваат Фенербахче и Реал Мадрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина познатиот режисер Дејвид Линч на 78-годишна возраст
-
Нападнат затвореник во Идризово
-
Николоски: За десетина дена пуштивме во сообраќај 42 километри нови експресни патишта
-
Додека се снимал за ТикТок врз цистерна доживеал струен удар 17-годишник во Кисела Вода
-
Во Скопје две лица се повредиле на работа и се пренесени на клиничкиот центар
-
Најмалку две лица убиени во училиште во Словачка
-
Политико: Десничарските популисти на списокот гости за инаугурацијата на Трамп
-
Началникот на Генералштабот на Армијата Лафчиски на Конференција на Воениот комитет на НАТО