-->
-->
Вардарци веруваат преку Барселона можат до трофејот во Лигата на шампионите
-->

Екипата на Барселона ќе биде противник на македонскиот првак Вардар во полуфиналето во ракометната Лигата на шампионите.
Ова е исходот од денешната ждрепка одржана во Келн каде ќе се игра и завршиот „Ф4“ турнир.
„ Барселона е силен ривал, беше прва во групата, има одлични голмани и поседува квалитет на сите делови од тимот. Тоа ќе биде интересен натпревар, тежок натпревар, но ние сигурно ќе се подготвиме како што треба. Ако играме како против Фленсбург, верувам дека играчите сега ја имаат и потребната самодоверба, можеме да стигнеме до финалето“, изјави веднаш по дознавањето на противникот тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.
За еден од најдобрите вардарови ракометари Тимур Дибиров, да се игра против Барселона е чест, но Русинот смета дека Вардар планира во Скопје да се врати со шампионскиот трофеј.
„За нас е огромна чест што ќе излеземе на мегдан со гигант како Барселона. Ние нема да одиме таму за да го гледаме европскиот крем, сакаме да се вратиме во Скопје со последниот авион и со пехарот кај нас“, изјави Дибиров.
Во второто полуфинале ќе играат унгарскиот првак Веспрем и францускиот Париз Сен Жермен.
Полуфиналните натпревари на „фајнал-форот“ ќе се игра на 3 јуни во термините од 15:15 часот и втор во 18 часот, а во истиот термин ден подоцна ќе се играат мечевите за пласман.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод
-

Мицкоски: Можеме да прифатиме и гласање преку пошта, наша цел е да обезбедиме побројно гласање на дијаспората
-

Ангелов: Изби пожар во борова шума над филтер станицата во Штип, на терен интервенираат пожарникари и доброволци
-

Мицкоски: Со трговците ќе разговараме директно, без естрада, за зголемените маржи
-

Нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања - првпат извршена во Македонија
-

Кривична против 74-годишен маж кој нападна 10-годишно девојче во Центар
-

Приведен скопјанец по кражба на паричник од 72-годишна жена
-

Лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести
