ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ мора да понесе политичка и правна одговорност
ВМРО-ДПМНЕ порачува дека СДСМ мора да понесе политичка и правна одговорност за, соопштува партијата, државниот удар од четвртокот вечерта и оти со обидот на нелегален начин да избере претседател на Собранието е направен опасен правен преседан кој може да прерасен во пракса.
- Ваквиот преседан на криминогениот СДС отвора можност за во иднина, на незаконски начин да се повтори процедурата и така да се гласа двојазичноста, албанските банкноти, двојазичните униформи, геноцидот и сите елементи од тиранската платформа, се вели во соопштението.
СДС, додава ВМРО-ДПМНЕ, брзајќи да ја реализира тиранската платформа изврши пуч во Собранието, ги разгневи граѓаните, директно предизвикувајќи го немилиот настан од четвртокот вечерта, со што ги стави своите и пратениците од другите партии, вклучително и на ВМРО-ДПМНЕ во голема опасност.
ВМРО-ДПМНЕ повторува дека дека граѓаните бараат законите и процедурите да важат за сите и никој да не се осмели да ги прекрши или заобиколи.
- СДС треба да престане да му тера инает на сопствениот народ, бидејќи партиите се од народот и за народот, а не обратно. Народот бара СДС да ја отфрли тиранската платформа. Време е СДС да го слушне гласот на народот. Време е СДС да сфати дека народот ги прочита. Народот е на нозе! Македонија се буди!, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови