-->
-->
УХМР објави временска прогноза за цела недела, еве какво време не очекува
-->
Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2): 1 Ѓуриште, Тетово, Куманово, Прилеп, 2 Претор, Охрид, Дојран, 3 Пожаране, 4 Виница, 5 Струмица, Кр. Паланка, Дебар, 7 Берово, 10 Маврово, 11 Лазарополе.
Времето денес (08.05 2017 год.): Променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, особено во претпладневните и пладневните часови. Повеќе врнежи се очекуваат во северните и североисточните делови од земјава. Попладне ќе има делумно намалување на облачноста, а во текот на ноќта на северозапад ќе има нови врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24 степени.
Метеоролошки параметри за Скопје: T= 19 °C, P= 970 hPa, U= 56 %, V= 7 m/s.
Утре времето ќе биде значително облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе има услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува. Во среда претпладне на запад се уште ќе има услови за локален дожд, а од четврток времето ќе биде стабилно со умерен јужен ветер и со значителен пораст на температурата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг