-->
-->
Животната приказна на Пабло Ескобар: Како син на сиромашен колумбиски фармер стана милијардер
-->

Пабло Ескобар бил син на сиромашен колумбиски фармер. Но, веќе во 35. година Пабло станал мултимилијардер и прв човек на картел кој држел 80 отсто од светскиот пазар на кокаин.
Кон средината на 1980-тите картелот на чие чело бил Пабло Ескобар држел 80 отсто од светскиот пазар на кокаин. Пабло Ескобар неделно заработувал околу 420 милиони долари, а на годишно ниво заработката изнесувала околу 22 милијарди долари.
Ескобар на листата најбогати луѓе на Форбс бил седум години по ред и тоа во периодот од 1987. до 1993. Во 1989. година се наоѓал на седмото место на листата најбогати луѓе на светот.
Главниот пазар за Ескобар и неговиот картел биле Соединетите Американски Држави. Секој ден на подрачјето на САД криумчареле околу 15 тони кокаин. Кокаинот воглавно се криумчарел преку Флорида. Четири од пет лица кои користеле кокаин во САД во тоа време всушност биле „муштерии“ на Пабло Ескобар.
Покрај перењето пари заработени на нелегален начин Ескобар се соочувал со уште еден „мал“ проблем: како да чува толку многу пари? Имено, според некои наводи секој месец трошел по 2.500 долари само за гумици кои служеле за да ги сложи парите.
Во едно интервју од 2009. Хуан Пабло, синот на Пабло Ескобар, рекол дека неговиот татко во еден момент запалил два милиони евра бидејќи на негoвата ќерка и` било студено.
Меѓу народот имал прекар Робин Худ. Имено, Ескобар не жалел пари како би изградил многу куќи за сиромашните.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
-

Иранската војска соопшти дека Ормуската Теснина е затворена
-

Македонија има светски шампион во карате – Марко Џорлев со пет победи стигна до златниот медал!
-

Во тек акција на МВР за сузбивање на трговија со дрога и оружје
-

Сончево со мала локална облачност до средината на следната седмица
-

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира - САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025
-

МВР: Во септември санкционирани 1.803 возачи на велосипеди и мотоцикли, одземени 88 мотоцикли
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
