Бил Клинтон пишува трилер за Белата куќа

Поранешниот американки претседател Бил Клинтон го пишува својот прв трилер, чијашто приказна е сместена зад кулисите на Белата куќа, објавија синоќа неговите издавачи.
Тој соработува со американскиот писател Џејмс Петерсон, а книгата со наслов „Претседателот исчезна" (President is Missing), ќе биде издадена од куќата Алфред Кнопф енд Литл, Браун енд Компани, во јуни 2018.
Романот на читателите ќе им понуди доверливи подробности коишто само еден претседател може да ги знае. Оригинална комбинација од интриги, неизвесности и светските заткулисни драматични моменти од највисоките кругови, се наведува во соопштението.
- Работата на книгата за претседателот, при што го користев и она што го знам за работата и животот во Белата куќа, а знаејќи и како Вашингтон функционира, беше прилично забавна. Соработката со авторот беше исто така сјајна, рече Клинтон, којшто е автор и на своите мемоари од 2004, под наслов „Мојот живот“.
Петерсон, кој е автор на два бестселера, чијшто тираж достигна 350 милиони продадени примероци, изјави дека соработката со Клинтон е „врв во неговата кариера".
Ново на Сител
-

Божиновска: Ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата
-

Мицкоски го покани Радев да ја посети земјава
-

Во недела поради улична трка посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Сиљановска-Давкова - Берсе: Фрустрациите кај земјите кандидатки поради застојот во процесот на проширување може да создадат негативни политички тенденции
-

79-годишник од Скопје допирал малолетна сосетка во својот дом
-

Заложничка криза во банка во германскиот град Зинциг
-

Мицкоски на отворањето на „Плазма - Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија
-

Во март годинава 245 одобренија за градење, за 26,6 проценти помалку од март лани
