Меркел против турски референдум за смртната казна во Германија
Германската канцеларка Ангела Меркел нема да дозволи турските државјани во Германија да гласаат на евентуален референдум што Анкара би го организирала за воведување на смртна казна во Турција, јави дописникот на МИА од Берлин.
Меркел денеска во изјава за националната телевизија ВДР рече дека нејзината Влада нема да дозволи турските конзулати и амбасади во Германија и другите европски држави да бидат користени за гласање за референдум за воведување смртна казна во Турција.
- Нема да дадеме дозвола за нешто за што немаме никакви обврски и нешто што ние апсолутно го отфрламе, како што е смртната казна. Вообичаено не одговараме на хипотетички прашања, но ова прашање за жал не е толку хипотетичко, затоа што за него се дебатира во Турција, изјави Меркел за ВДР.
Турција ја укина смртната казна во 2004 година, како клучен предуслов за интензивирање на преговорите за членство во ЕУ, но во март годинава турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека ќе побара одржување референдум за повторно воведување на смртната казна во националното законодавство.
Покрај Меркел и другите германски политичари од сите партии се едногласни дека на околу 1,5 милиони Турци кои живеат во Германија нема да им биде дозволено гласање на референдум за враќање на смртната казна.
Идејата за воведување на смртната казна во Турција беше остро критикувана од претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и други високи европски претставници.
Јункер вчера во интервју за германскиот весник „Рајнише Пост" оцени дека повторното воведување на смртната казна во Турција ќе значи крај на процесот на преговори за членство на земјата во Европската Унија.
- Доколку воведувањето смртна казна се покаже нешто повеќе од обична реторика, тоа ќе биде еднострано откажување на Турција од европското семејство. Тоа би било еднакво на прекин на преговорите (за членство во ЕУ), бидејќи нашата заедница е заснована на почитување на демократијата, човековите права и меѓународното право. Тие вредности ја исклучуваат смртната казна, посочи Јункер.
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога