Полицајци со вперен пиштол апсат еден од осомничените за случајот со тепањето на Села
По социјалните мрежи се шири фотографија како полицајци со вперен пиштол апсат еден од осомничените за случајот со тепањето на Села, пишува Нетпрес.
Во очајнички обид да се стават во светло на невина жртва во овој политички хаос што се случува во земјава, СДСМ и нивните коалициски партнери кои претендираат да ја формираат новата влада, не престанаа со спинување на фактичката состојба, а веќе ја почнаа и одмаздничката битка.
Откако ги прогласија за терористи граѓаните што влегоа во Собранието, по насилниот и нелегитимен избор на Талат Џафери за претседател на ова законодавно тело, почна јавната хајка по наводно „режимските поддржувачи“ кои наводно „имале за цел да убијат“ пратеници од СДСМ и лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села.
Откако на сите про СДСМ-овски медиуми постојано се емитуваше снимка на која повредениот Села го пренесуваат неколку мажи, видно револтирани (како и сите оние кои тогаш беа влезени во Собранието), а за што веќе „пресудија“ дека тие крвнички го претепале пратеникот, денеска излегоа со нов момент од веќе прочитаната стратегија.
По социјалните мрежи се шири фотографија како полицајци со вперен пиштол апсат еден од осомниениот за случајот со тепањето на Села. Фотографија која очигледно е направена со мобилен телефон и незаконски предадена на „сигурно“, токму во рацете на поддржувачите на Заев, човекот што себе си обожува да се нарече „идниот премиер на реформската влада“.

Дека се работи за одмаздничка суета на „новата власт во доаѓање“, и најавените реформи во полицијата на Агим Нухиу, е повеќе од јасно.
Во се’ уште неистражен случај, осомничениот е веќе јавно осуден, понижен, без да се остави надлежните органи да го кажат последниот збор. Тргајќи од логиката на оние кои од снимката на која не се гледа насилство, заклучија дека токму тој го претепал Села, може слободно да се постави друга теза која многу повеќе држи, а тоа дека мажите кои го пренесуваат пратеникот, само го носат на некое побезбедно место.
Полицијата наместо да апси по партиски налог и да пушта нелегални фотографии по „Фејсбук“ и „Твитер“, треба, на пример посериозно да се занимава со истражување на инцидентот кога Села беше херојски пречекан во неговото село со рафали од огнено оружје. Дали воопшто полицијата ќе испита кој пукаше, или тоа е секогаш дозволено во оправдан еуфоричен занес како дел од нечија „традиција“.
Ново на Сител
-

Мареска: Палмер е добро и подготвен за игра
-

Приведени две лица од Скопје, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога и дигитална вага | ВИДЕО
-

Камбоџа: Тајланд продолжува со бомбардирање и покрај повикот на Трамп за прекин на огнот
-

Божиновска - Хандановиќ-Ѓуровиќ: Интерконекторот Македонија - Србија оди напред со забрзано темпо
-

Италија, Бугарија и Малта се придружија на барањата на Белгија за алтернативни опции за помош на Украина
-

Најстудено на Попова Шапка
-

На „Криволак“ ќе бидат уништени минско-експлозивни средства запленети пред 15 години
-

Сончево со минусни утрински температури, а преку ден до 15 степени
