Најмалку 57 загинати при воздушни напади на арапската коалиција во Јемен
Најмалку 57 цивили загинаа, а околу 130 се ранети во послединиве 24 часа при воздушни напади на арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија, врз цели на територијата на Јемен под контрола на бунтовниците, јави ДПА.
Според претставник на медицинските служби, само при нападите во реонот на градот Сана загинале 19 цивили, а 109 се ранети.
Други 38 цивили биле убиени, а 27 ранети при напади на авионите на арапската коалиција во северната провинција Садах, која важи за упориште на бунтовниците Хути.
Властите на Оман соопштија дека при нападите било погодено и оманското дипломатско претставништво во Сана, но дека нема информации за жртви.
- Овој напад претставува директно кршење на меѓународните договори и норми, се наведува во соопштението на Министерство за надворешни работи на Оман, кој не е дел од арапската коалиција.
Според податоците на ОН, во судирите меѓу завојуваните страни и при нападите на силите на арапската коалиција во Јемен, од март, па досега, загинале над 4.500 лица.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување